Top Sport

Рио Фердинанд активно се подготвува за боксерското деби (видео)

Рио Фердинанд не престанува со подготовките за своето боксерско деби следната година, откако поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед постави 50 килограми на грбот и правеше склекови!

39-годишниот Фердинанд во септември објави дека следниот предизвик ќе биде во боксерскиот ринг, нешто што предизвика многу коментари и дел од фановите го оценија како обид да се добие на публицитет.

Сега, неговиот тренер Мел Дин постави видео на кое Фердинанд со тег од 50 килограми на грбот прави склекови. Англичанецот се надева дека ќе добие боксерска лиценца за што работи со поранешниот шампион во супер-средна категорија Ричи Вудхол.

Зад неговата боксерска авантура се англиските букмејкери „Бетфер“. Фердинанд се повлече од фудбалот во 2015 година.

Scroll to Top