Top Sport

Торо росо од следната сезона ќе биде Алфа таури!

Формула 1 тимот на Торо росо следната сезона ќе се натпреварува под името Алфа таури, потврдија од ФИА, кои посочија дека тимот официјално ќе се вика Скудерија Алфа таури Хонда, со Алфа таури за името на шасијата.

Алфа таури е моден бренд во сопственост на газдите на тимот, Ред бул, австрискиот гигант за производство на енергетски пијалоци, а интересно е што следната година ќе има две Алфи – Алфа таури и Алфа Ромео Заубер.

Скудерија Торо росо, италијанскиот превод на „Ред бул тим“, беа познати како Минарди пред да бидат откупени од Ред бул на крајот на 2005 година, и во својата историја имаат една победа, кога Себастијан Фетел победи од пол-позицијата на Италијанското ГП во Монца во 2008 година.

Оваа сезона, пред последната трка од сезоната, тие се на шестото место на табелата со два подиуми – второто место на Пјер Гасли во Бразил и третото место на Данил Квјат во Германија.

Scroll to Top