Двајца играчи ПАОК се здобиле со повреди по нападот што врз нив го извршиле хулиганите на Олимпијакос. Инцдентот се случил пред дуелот на двата тима.
Повредени биле играчите Карол Свидерски и Александрос Пасалакис.
Играчите на ПАОК чекале во автобусот да биде оддалечена групата на хулигани кои стоеле на влезот пред соблекувалните.
Хулиганите започнале да фрлаат со разми предмети по фудбалерите и успеале да погодат двајца.
Дури потоа уследила реакција од полицијата.
Натпреварот завршил со резултат 1:1. Двата тима со по 28 бода ја делат првата позиција на табелата.