Поранешниот менаџер на Тотенхем Маурицио Покетино изминатите денови медиумите го поврзуваа со неколку екипи од Премиер лигата, меѓу кои е и Арсенал. Покетино пред две недели доби отказ, а Тотенхем за предвремениот раскин на соработката на Аргентинецот и неговите соработници им исплатил 23,5 милиони евра.
Иако повеќе нема обврски кон Тотенхем Покетино на некој начин се уште е врзан за овој клуб. Англиските медиуми пишуваат дека Тотенхем се обезбедиле со дополнителна клаузула во договорот што го имал аргентинскиот тренер.
Според таа клаузула доколку Покетно сака да почне да работи во некој тим во Премиер лигата, додека сезоната е во тек, ќе мора на Тотенхем да им плати 14,5 милиони евра.
Клаузулата ќе престане да важи наредното лето, односно веднаш по завршувањето на сезоната.
Покетино медиумите најчесто го поврзуваат со Арсенал, Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен.