Црвена звезда доживеа убедлив пораз од 82:56 (17:11, 24:22, 21:9, 20:14) во 13-тото коло од Евролигата од Фенербахче, откако Перо Антиќ беше одлично пречекан кај поранешниот тим и си замина со шест поени.
Српскиот шампион почна одлично и се држеше добро во првото полувреме, пред европскиот шампион да ја преземе контролата. Разликата од осум поени на полувремето беше дуплирана наскоро, по што тимот на Жељко Обрадовиќ рутински го доведе мечот до крај.
По изненадувачкиот пораз од Жалгирис на домашен терен, ова беше деветта победа за Фенербахче во Евролигата, со што се на третото место во регионалната лига.
За Антиќ и Звезда, сега следува дуелот во четврток против Панатинаикос.
Перо пречекан со овации и со шампионски прстен во Истанбул (видео)