Луис Хамилтон си купи персонализирано „Ла Ферари“, нешто што сигурно нема да му се допадне на неговиот тим Мерцедес, со кого неодамна стигна до четвратата светска титула.
Иако самиот Хамилтон, кој не е многу срамежлив на социјалните медиуми, не објави фотографии од супер-автомобилот, неговиот добар пријател, комичарот Енру Бејчелор, познат како „Кингбах“, ја сподели со јавноста новата „машина“ на човекот кој три од своите четири титули ги освои со „Сребрената стрела“.