Душан Дуда Ивковиќ легендарниот кошаркарски тренер се потсети на случувањата на Европското првенство во 1995 година во Атина. Тогаш Југославија ја победи Литванија во финалето, а третопласираната Хрватска, ја напушти церемонијата на доделувањето на медалите, кога на пиедесталот требаше да се качат репрезентативците на Југославија.
Хрватските играчи тогаш порачаа дека не сакаат да ја слушаат химната со која се убивало по Хрватска и Босна и Херцеговина.
„Тоа Европско првенство беше поврзано со политичка директива“, рекол Ивковиќ, а тоа неодамна го потврди и поранешниот селектор на Хрватска Ац Петровиќ, со изјавата дека играчите во тоа време во секој момент биле во контакт со тогашниот државен врв.
Ивнковиќ открил неколку досега непознати детали околу тоа што се случувало во Атина.
„Го слушнавме во соблекувалната Стојко Вранковиќ како вели: ‘Сега е момент да го напуштиме пиедесталот’. Беа во соблекувалната веднаш до нашата. Без директива Стојко тоа не би го кажал. Мене тоа ми беше смешно“, изјавил Ивковиќ во разговор за „Неделник“.
Интересно било и подоцна во хотелот.
„Таа ноќ не спиевме. Останавме Киќа (КИчановиќ), Жељко (Обрадовиќ), Веско Баровиќ и уште некои луѓе речиси до сабајле. И ги гледаме хрватите како „’на прсти’ излегва од хотелот, веројатно рано им беше летото. Јас им велам: „Што е пургери, дојдите на пијачка! Зошто бегате? Никој не се јави…“.
Од напуштањето на пиедесталот во 1995 година во Атина Хрватска нема освоено медал на големите натпреварувања.
Тој потег не беше спортски. Беше грешка, но сега е леснно да се зборува, знаете како беше тогаш. Спортот треба да се оддели од политиката, тогаш тоа за жал не беше можно“, изјавил неодамна поранешниот хрватски селетор Ацо Петровиќ.