Top Sport

Жозе можеби не слави, но тоа не го спречува Пеп (видео)

Во вторникот навечер, Манчестер сити ја продолжи супериорната серија со 21 натпревар без пораз, откако на пенали го совладаа Лестер сити за пласман во четврт-финалето на Лига купот, нешто што очигледно многу добро влијаеше на тренерот Пеп Гвардиола.

Додека Жозе Мурињо неодамна изјави дека нема да ги прославува сите голови на Манчестер јунајтед по конфликтот што се случи со играчите на Манчестер сити по поразот во дербито, на Гвардиола очигледно не му пречеше да прослави со навивачите на „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер.

Тој прво истрча да прослави со своите играчи на теренот:

а, потоа, им диригираше на навивачите на тимот кои го пееја неговото име.


Мурињо може да продолжи да се мурти кога ќе победува Јунајтед.

Лестер беше блиску да го „сруши“ Сити, но Варди беше трагичар (видео)

Scroll to Top