Top Sport

Роналдо пропушти тренинг, неизвесен против Барса?

Кристијано Роналдо ги зголеми стравувањата на фановите на Реал Мадрид дека ќе го пропушти дербито со Барселона во сабота, откако не се појави на тренингот на клубот поради проблем со повреда на ногата.

Од „кралскиот клуб“ потврдија дека освојувачот на „Златната топка“, тренирал „посебно“ од остатокот на групата по шпекулациите дека се повреди во финалето на Светското клупско првенство против Гремио, меч во кој го постигна победничкиот гол.

Ако се остварат стравувањата, Реал ќе биде ослабен за дуелот на „Бернабеу“, каде што Роналдо требаше уште еднаш да се судри со Лионел Меси, и каде што Мадрид мора да победи за да ја намали предноста од 11 поени која ја имаат Барселона.

Тимот на Зинедин Зидан беше поуспешен во претходниот меч меѓу двата тима, во Суперкупот на Шпанија. Роналдо има само четири лигашки голови оваа сезона.

Scroll to Top