Top Sport

„Изумителот“ на фудбалскиот спреј бара 100 милиони долари од ФИФА!

Хајне Алемањ, изумителот на спортска опрема, ја обвинува Светската фудбалска федерација (ФИА) дека му ја „украла идејата“ за спрејот кој го користат фудбалските судии и бара отштета од 100 милиони долари.

Минатата недела судот во Рио де Жаниеро потврди дека патентот на Алемањ за фудбалскиот спреј е заведен, и побара ФИФА да престане да го користи на сите натпреварувања, меѓутоа очигледно ова немаше некое влијание бидејќи ФИФА го користеше на Светското клупско првенство.

Алемањ во изјава за „Њујорк тајмс“ тврди дека ФИФА ја украло неговата идеја и додаде дека ова „не е ферплеј, нешто за што ФИФА толку се залага“.

Спрејот почна да се користи на минатото Светско првенство во 2014 година, кога една бразилска компанија достави 300 туби за судиите, а Жером Валке, поранешниот генерален секретар на ФИФА му прати писмо на Алемањ и неговиот партнер Пабло Силва признавајќи дека изумот помогнал во ферплејот.

Според Алемањ, ФИФА се обидела да го добие патентот за сума од 500.000 долари, нешто што бразилскиот изумител не го прифати, бидејќи му биле потребни 15 години да развие пена која исчезнува по минута користење и сега тој бара 100 милиони долари отштета.

„Ова е можност претседателот на ФИФА, Џани Инфантино да докаже дали е голем човек или просечен како крадецот од минатото, Сеп Блатер“, изајви Алемањ.

ФИФА смета дека Алемањ нема доволно докази дека изумот е негов и не се подготвени за преговори.

Scroll to Top