Фудбалерите на Баер Леверкузен со 2-1 славеа победа во дербито на 14 коло во Бундеслигата против Шалке 04.
Лукас Аларио со својот прв погодок во 15 минута донесе предност од 1-0. Тоа беше активен резултат се до десетина минути пред крајот на мечот.
Тогаш Аларио по вторпат погоди за 2-0, по што следуваше почесен погодок за гостите од Гелзенкирхен преку Раман.
Двата тима се во горниот дел од табелата со по 25 бода, 1 бод повеќе од актуелниот шампион на Германија – Баерн Минхен.