Микаела Шифрин стигна до втора последователна победа на Светскиот куп и 35. во кариерата, откако ја победи Петра Влхова во паралелниот слалом во Куршевел, Франција.
Трикратната светска шампионка постави најдобро време на квалификациите, по што ја победи Французинката Корали Фрас Сомбе и Австријката Кармел Талман. Во четврт-финалето Американката беше подобра од Австријката Рикарда Хасер, пред победата над Ирене Куртони од Италија во полуфиналето, за во големото финале да ја победи Словачката Влхова за само 0.04 секунди. Куртони го освои третото место со победа над Норвежанката Марен Скејлд.
Со победата, Шифрин се врати на првото место во слаломскиот Светски куп пред Влхова, а во генерален пласман има 721 поен, 291 пред најблиската ривалка, Германката Викторија Ребензбург.
Следниот слалом на календарот е на 29 декември во Лиенц, Австрија.
MIKAELA SHIFFRIN FA 35 IN COPPA DEL MONDO ❄️???
Battendo Petra Hlova nel Parallelo di #Courchevel #EurosportSCI pic.twitter.com/Y4OomZYk9C— Eurosport IT (@Eurosport_IT) December 20, 2017