Капитенот на репрезентацијата на Перу, Паоло Гереро ќе може да настапи на Светското првенство во Русија во 2018, откако беше усвоена неговата жалба на едногодишната суспензија која ја доби за позитивен тест на кокаин, и сега ќе „отслужи“ само шест месеци.
33-годишниот фудбалер на бразилскиот Фламенго беше суспендиран на 8 декември откако беше позитивен на кокаин по 0:0 ремито на Перу со Аргентина во октомври. Суспензијата, која официјално почнува на 3 ноември , завршува во мај, еден месец пред стартот на СП. Перу првпат од 1982 година е на еден Мундијал.
„Комисијата за жалби на ФИФА ги разгледа сите околности во случајот, посебно нивото на вина на фудбалерот и смета дека шестмесечната казна е пропорционална“, се вели во соопштението на ФИФА.