Капитенот на Ајакс Душан Тадиќ бил целосно „скршен“ по елиминацијата од Лигата на шампионите. Ајакс завршија на третото место во Г-групата и ќе продолжат да се натпреваруваат во Лига Европа.
Еден бод им беше потребен на холандските шампиони за да останат во Лигата на шампионите, меѓутоа Валенсија победи на „Јохан Кројф“ арена со голот на Родриго.
„Овој пораз многу боли, не очекувавме дека ова може да ни се случи. Не знам што да кажам. Освоивме десет бода, а испаднавме! Навистина чуден натпревар. Имавме контрола од самиот почеток, примивме гол“, рекол Тадиќ.
Тој дополнил дека гостите од Валенсија, особено во финишот, не на сите можни начини ја опструирале играта.
„По 70 минута немаше вистински фудбал. Имавме неколку добри шанси да го скршиме отпорот на Валенсија, ама не ги искористивме. Сакавме да ја освоиме Лигата на шампионите, а сега ќе играме во Лига Европа“, заклучил разочаранот Тадиќ.