Top Sport

Во пресрет на 236.Ел класико: Играчите кои ја пишуваа историјата

Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона, во сабота ќе го одиграат 236.меѓусебен натпревар. Неофицијално, најголемото фудбалско дерби во светот познато е во светот е познато како „Ел класико“.

Дербито кое има историја долга 90 години ги отсликува и сите политички и културни разлики помеѓу престолнината Мадрид и Каталонија.

Заштитен знак на „Ел класико“ секогаш биле и ќе бидат големи фудбалски имиња, најдобри во светот.

Лионел Меси (Барселона)

Аргентинецот е најдобриот стрелев во историјата на дуелите помеѓу Реал и Барселона. Меси мрежата на „кралскиот клуб“ ја тресел 24 пати. На псоледното дерби, одиграно во април годинава, Аргентинецот со гол во последните секунди го замолкна „Сантијаго Бернабеу“.

Кристијано Роналдо (Реал)

Неодамна Португалецот ја освои петтата „Златна топка“ и се израмни со единствениот ривал Меси. Кристијано во дерби мечевите постигнал седум гола помалку од Меси. Сепак напаѓачот на Реал е лидер на една друга листа, тој е рекордер по бројот на последовни натпревари на кои постигнувал барем еден гол. Напаѓачот на Реал на последните шест натпревари седум пати ја тресел мрежата на Барселона.

Алфредо ди Стефано (Реал)

Еден од надобрите играчи на Реал на сите времиња, човек кој повеќе од една деценија го носеше белиот дрес и успеа да освои осум титули во Шпанија и шест во тогашниот Куп на европските шампиони.

Има постигнато 14 гола во дуелите со Барселона и се до појавувањето на Роналдо и Меси беше најдобриот стрелец во меѓусебните дуели.

Интересно во 1953 година како играч на Милионариос, Колумбија требало да потпише за Барселона, дури и одиграч еден пријателски натпревар за Каталонците, а легендата вели дека тогашниот шпански диктатор генерал Франко лично интервенирал за Ди Стефано да ја смени одлуката и да потише за Реал.

Диего Армандо Марадона (Барселона)

Аргентинскиот гениалец на „Камп Ноу“ мина само две сезони, време кое го таму го паметат по бројните проблеми кои ги предизвика, на тереот и надвор од него. Марадона е запаметен како првиот играч на Барселона на кого му ракоплескале навивачите на Реал. На дербито во 1983 година Марадона најпрвин го издрдибла голманот Аугустин, тргна кон празниот гол, а потоа направи уште една финта и го натера дефанзивецот Хуан Хозе да се насука во дирекот, дури потоа ја испрати топката во мрежата.

Роналдињо (Барселона)

По аргентинскиот, следен на кого му се поклонија навивачите на Реал беше бразилскиот волшебник. 22 години по Марадона, Реал го декласира Роналдињо, кој постигна два брилијантни гола во 2005 година. Барселона во Мадрид победи 3:0.

Роналдињо бил стрелец на четири последовни натпревари против Реал, во перидот од 2004 до 2006 година.

Мануел Санчис (Реал)

Некогашниот капитен на Реал целата своја кариера ја мина на „Сантијаго Бернабеу“. Рекордер е според бројот на настапите во „Ел класико“. Санчис против Барселона одиграл 43 натпревари.

Играше во генерацијата на Реал која по 1982 година доминираше во шпанскиот фудбал. Продукт е на школата на Реал заедно со Бутрагењо, Мичел, Мартин Васкез, Паредес. Кариерата ја заврши во 2001 година.

Чави (Барселона)

Во кариерата одиграл 42 натпревари против Реал. Тој на вечната листа е веднаш зад Санчис. Клучен играч во „тики-така“ стилот со кој Барселона го покори фудбалскиот свет. Европската кариера ја мина во само еден клуб, Барселона. Чави, кој е инспирација за многу ученици во прочуената школа „Ла Масија“, со Барселона има освоено осум титули во Ла Лига и четири во Лигата на шампионите.

Ференц Пушкаш (Реал)

Еден од најдбрите на сите времиња, меѓу најдобрите тројца во перидот додека беше кативен фудбалер. Унгарецот има постигнато 629 гола на 622 натпревари колку што одиграл во кариерата. Пушкаш во дерби мечевите постигнал 14 голоа против Барселона.

Пред Реал играл во Хонвед. Како играч на Реал во три последовни сезони (1959-1962), постигнувал преку 40 голови.

Раул (Реал)

Единствениот фудбалер кого УЕФА три пати го прогласила за најдобар европски напаѓач. Постигнувал голови во клучните моменти во дуелите со Барселона. Во историјата на Реал само Роналдо и Ди Стефано постигнале повеќе голови против Барселона од Раул.

Јохан Кројф (Барселона)

Холанѓанецот во Барслеона пристигна во 1973 година и остана таму до крајот на животот. Во првата сезона и помогна на Барселона да ја освои титулата по пауза од 17 години. Постигна гол во првото свое „Ел класико“ кога Барса го победи Реал 5-0.

Кројф е човекот кој ги постави темелите на оваа Барселона, веројатно највлијателната фигура во историјата на каталонскиот клуб. Како играч, а потоа и како тренер го изгради стилот по кој Барселона и денес се препознава.

Scroll to Top