Британскиот тенисер Енди Мареј поради проблеми со колкот че мора да биде опериран. Поранешниот број 1 во светскиот тенис години наназад има проблеми со колкот, но никогаш не го оперирал.
Мареј ја заврши сезоната во август токму поради повредата на колкот, не сакаше да биде опериран, но според информациите на англиските медиуми сега е во фазата кога ќе мора да го оперира колкот.
Мареј веќе требаше да ги започне подготовките за Австралија опен, тоа не се случи и сега постојат големи шанси тој да го пропушти првиот Гренд слем во сезоната.
Поради паузата која предизвика повредата на колкот Мареј забележа голем пад на АТП-листата. Британецот годината ја заврши на 16.место со 2.585 бода.