Во прилагоден термин за азискиот пазар, во сабота од 13 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал и Барселона ќе го одиграат 236.дерби, познато како „Ел класико“.
Барселона во Мадрид доаѓа како лидер на табелата со огромни 11 бода предност во однос на Реал, кој има и натпревар помалку од конкурентот.
Состојбата на табелата открива дека Реал е тој кој треба да игра на победа, додека во Барселона би се задоволиле и со еден бод.
На 48 часа до дербито шпанските медиуми тврдат дека ги откриле составите со кои Зинедин Зидан и Ернесто Валверде ќе го започнат дербито.
Двајцата тренери, ако се информациите на шпанските медиуми точни не отстапат од формацијата во која најчесто играат 4-3-3 и барем на стартот од дербито ќе играат 4-4-2.
Навас би бил на голот на Реал, во одбраната Карвахал, Варан, Серхио Рамос и Марсело. Стандардни во среднито ред се Каземиро, Крос и Модриќ, а малку пред нив ќе делува Иско. Нападпт е резервиран за Бензема и Кристијано Роналдо.
Кај Барселона пред голманот Тер Штеген во одбраната ќе играат Семедо, Пике, Вермален, Жорди Алба, во средината Бускетс, Ракитиќ, Паулињо и капитенот Иниеста, а во нападот Луис Суарез и Меси.
Real Madrid C.F. vs FC Barcelona: El Clásico predicted XIs ??????#Messi #ElClasico #LaLiga #CristianoRonaldo #TrapaDrive pic.twitter.com/XYzP2b4LWQ
— ?? (@TheSporTalk) December 20, 2017