Top Sport

Саинс сениор: Можеби Дакар 2018 е последната трка за мене

Карлос Саинс сениор призна дека Дакар релито 2018 може да биде крај на неговата професионална кариера, но инсистира дека ќе почека до крајот на легендарното рели за да донесе одлука.

Тимот на Пежо ќе ги заврши своите настапи по следната трка и ќе се фокусира на Светскиот реликрос шампионат, така што Саинц, шампионот од 2010, кој освои и две ВРЦ титули, вели дека нема понуди за 2019.

„Се надевам дека ќе им донесам победа на Пежо на последното Дакар рели, и засега не размислувам на други работи освен на трката на 6 јануари. Имам 55 години и морам да сопрам со тркањето, но сега мислам само на Дакар. Досега само Мини најави фабричка програма за Дакар, така што тоа може да влијае на одлуката“, вели Саинс.

Пежо победи на последните две Дакар трки со Стефан Петерхансел, но Саинц не го заврши релито последните три години – во 2015 поради судир, во 2016 поради проблем со менувачот додека беше лидер.

„Секогаш одам на победа, можеби овојпат треба да бидам потрпелив“, вели Саинс сениор.

Пежо оваа година оди со Петерхансел, Саинс, Сирил Деспре и Себастиен Леб на Дакар релито во Јужна Америка.

Scroll to Top