Реал Мадрид покажале сериозен интерес за 17 годишниот фудбалер на Рен, Едуард Камавинга. „Лекип“ пишува дека Реал ќе се обидат да го заклучат овој трансфер најдоцна до јуни наредната година.
Камавинга пред еден месец наполни 17 години, игра во редот за врска, стандарден е чен на првиот тим на Реан, а минатата недела го постигна единствениот гол во победата кај Лион.
„Лекип“ тврдат дека Реал веќе една недела се во преговори со Рен околу потенцијалниот трансфер. Според овој извор проблем за реализација на трансферот може да биде цената. Рен за Камавинга барале 100 милиони евра.
Наводно интерес за овој тинејџер покажале и Манчестер Јунајтед, односно Барселона, но Реал е првиот клуб што влегол во официјални преговори.
Камавинга е роден во 2003 година во Ангола, а во младинската школа на Рен пристигнал кога имал 13 години.