Фудбалерот на Салцбург Такуми Минамино ќе ги засили редовите на Ливерпул во јануарскиот преоден рок. Јапонецот во текот на денот ќе пристигне во Ливерпул каде што треба да ги мине лекарските прегледи. Минамино од 1 јануари официјално ќе стане играч на актуелниот европски првак.
Финансиските детали од договорот не се познати, но англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул ќе ја платата откупната клаузула која изнесува „само“ 10 милиони евра.
Минамино во дуелите што Салцбург ги одиграа против Ливерпу во Лигата на шампионите го привлекол вниманието на менаџерот Јирген Клоп.
24 годишниот Минамино кариерата ја започнал во Серезо Осака, а во Салцбург е од 2015 година. Оваа сезона одиграл 22 натпревари за „биковите“ на кои забележал учинок од девет гола и 11 асистенции.