Џејдон Санчо синоќа во Бундес лигата урна рекорд од 1968 година. Талентираниот крилен напаѓач постигна еден гол во ремито 3.3 помеѓу Борусија Дортмунд и Лајпциг.
Голот што го постигна против Лајпциг бил негов 22 во Бундес лигата. Со само 19 години и 267 дена тој е најмладиот што постигнал 22 гола во Бундес лигата. Претходниот рекорд во 1968 година го поставил Хорст Копелс.
Исто така Санчо е третиот тинејџер што постигал 15 гола во една календарска година.
Санчо во Дортмунд пристигна пред две години од Манчестер сити за сума од осум милиони евра. Сега неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на најмалку 100 милиони евра.