Top Sport

Само Сити од англиските клубови ќе го мине осмина-финалето

Англиските медиуми со помош на супер-компутерот се обидоа однапред да ги одредат четврт-финалистите во Лигата на шампионите. Двојките за осмина-финалната фаза беа извлечени во понеделникот. Најпривлечни натпревари во оваа фаза се Реал-Манчестер сити и Атлетико Мадрид-Ливерпул.

Во ваквите пресметки се користат разни елементи, податоци и статистика. Од пресметките на супер-компјутерот англичаните не можат да бидат задоволни.

Сопред неговите, три од четирите англиски клуба, натпреварите во Лигата на шампионите ќе ги завршат во осмина-финалето. Само Манчестер сити ќе се пласира во четврт-финалето, а ќе отпаднат Ливерпул, Челси и Тотенхем.

Вака супер-компјутерот ги прогнозира осмина-финалните натпревари.

Борусија Дортмунд-Пари Сен Жермен 1:2, 1:2
Реал Мадрид-Манчестер сити 1:1, 1:3
Аталанта-Валенсија 1:1, 1:2
Атлетико Мадрид-Ливерпул 1:0, 1:2
Челси-Баерн Минхен 1:2, 0:2
Олимпик Лион-Јувентус 1:2, 1:2
Тотенхем-Лајпциг 2:1, 0:1
Наполи-Барселона 0:3, 1:3

Scroll to Top