Управата на Милан размислува веќе во јануари да продаде тројца играчи кои не задоволија со своите партии во „црвено-црниот“ дрес. „Росонерите“ пред летото размислуваат и на поправање на финансиската ситуација во клубот, пишува „Gazzetta dello Sport“.
Прв на листата „отпишани“ е Швајцарецот Рикардо Родригез кого навивачите на клубот подолг период го прозиваат како еден од најслабите во екипата. Токму поради тоа тој нема настап за Милан од септември годинава. Се очекува да се врати во Германија, каде има неколку клуба заинтересирани за неговите услуги.
Следен на списокот е Френк Кеси. 22-годишниот фудбалер од Брегот од Слоновата коска со Милан има договор до 2022 година, па Звонимир Бобан и Паоло Малдини очекуваат дека него можат да го продадат за значителен износ. Како главен кандидат за неговите услуги се споменува Наполи, каде од скоро тренер е Џенаро Гатузо. Кеси под палката на темпераментниот Италијанец во Милан беше во стартната постава.
Последен од фудбалерите кои, наводно, се најблиску до излезната врата е шпанскиот фудбалер, Сусо. И тој како и Кеси има договор со клубот до 2022 година. Сезонава има 14 настапи и само 1 постигнат погодок. За него има заинтересирани клубови во Премиерлигата.