Унгарскиот гигант Веспрем објави продолжување на договорите со шест ракометари, меѓу кои и македонскиот репрезетнативец, Дејан Манасков.
Манасков дојде во Унгарија од Рајн-Некар Левен и очигледно добро се вклопи во тимот и доби продолжување на договорот (кој му завршуваше на крајот на сезоната) до 2020 година. Во 21 натпревар за Веспрем, Манасков успеа да стане „миленик на публиката“, како што велат на официјалниот веб-сајт, постигнувајќи 64 гола во 21 натпревар.
Покрај Манасков, нови договори добија и Мирсад Терзиќ, Мате Лекаи, Андреас Нилсон, Драган Гајиќ и Блаж Благотиншек, што покажува дека унгарскиот тим планира да биде меѓу најдобрите во Европа и во блиска иднина