Top Sport

Со крвнички старт предизвикал општа тепачка (Видео)

Извесен Лукас Торес со крвнички старт предизвикал општа тепачка и прекин на натпреварот во четвртиот ранг на аргентинскиот фудбал.

Фудбалерите на Унион воделе против САТ со 4:1, кога во судиското надополнување на времето, изнервиран од резултатот гостинскиот фудбалер Лукас Торес крвнички стартувал врз еден од противничките фудбалери.

Додека тој се превиткувал од болки неговите соиграчи со тупаници го нападнале Торес. Потоа настанал хаос на теренот, во општата тепачка се вмешале сите играчи и тренери на двата тима.

Scroll to Top