Поротата во Њујорк ги осуди двајцата поранешни фудбалски официјални лица за примање мито за доделување на вредните ТВ-права за интернационални мечеви.
Хуан Анхел Напут и Жозе Марија Марин се осудени за корупција по судењето кое траеше пет недели, а уште нема одлука за случајот на Мануел Бурха. Обвиненијата се дело на американските обвинители, кои од 2015 година работат на истрагат за корупција во ФИФА.
Напут е поранешниот претседател на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), додека Марин е поранешен претседател на Бразилската фудбалска конфедерација, а Бурха беше претседател на Перуанската федерација.
Овие пресуди се додаваат на 23-те изјави за вина кои веќе беа обезбедени од обвинетите. Над 40 луѓе и компании се обвинети како дел од истрагата, која продолжува. ФБИ во соработка со швајцарските власти влегоа во хотел во близината на седиштето на ФИФА во Цирих во 2015 година.