Top Sport

Мекларен губат „многу пари“ со учеството во Формула 1

Генералниот директор на Мекларен рејсинг, Зек Браун признава дека нивниот Формула 1 тим „губи многу пари“ со настапот во шампионатот по шпекулациите дека се подготвени да се натпреваруваат во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) со трките како 24 часа Ле Ман.

Покрај својот Ф1 тим, Мекларен се обврзаа за влегување во американската Индикар серија во 2020 во партнерство со Ероу Шмит Питерсон тимот, така што трошоците се зголемуваат и Браун признава дека и покрај тоа тие остануваат во Ф1 и очекуваат серијата да стане „оддржлива“ по 2021 година.

„Дали би било економски оддржливо да се биде во три серии? Да, но во моментов имаме две и би влегле во трета само ако тоа е стабилно на долги патеки. Индикар е добар бизнис и тука можеме да фукционираме и оваа година профитиравме и покрај тоа што не се квалификувавме за Инди 500. Во Формула 1 губиме многу пари, но во план е ограничување на буџетот, а спонзорствата се добри“, вели Браун.

Тојота и Астон Мартин веќе ги потврдија своето учество во ВЕЦ во хиперкар класата од 2020/21, а јапонскиот тим најави дека ќе троши околу 40 милиони долари годишно на проектот.

„Мислам дека ќе биде добро и со трошоци од 20 милиони годишно, иако сите знаеме дека тој со најмногу пари историски победува. Потребно е решение со кое нема да се троши многу“, вели Браун.

Scroll to Top