Top Sport

Севилја со зачудувачка одлука – го отпуштија Берисо по операцијата!

Тимот на Севилја реши да го отпушти аргентинскиот тренер Едуардо Берисо само неколку недели откако тој беше на операција поради рак на простатата, велејќи дека „не се задоволни од резултатите“.

Поранешниот тренер на Селта Виго дојде во Севилја по одлуката на Хорхе Сампаоли да стане аргентински селектор во јуни. Очекувањата беа големи, по инвестициите од 65 милиони евра во засилувања, но тој не успеа да го наметне својот стил на игра.

„Бордот на директори на Севилја реши да го отпушти тренерот на првиот тим Едуардо Берисо, поради слабата низа на тимот“, се вели во соопштението на тимот.

Во средата, Севилја загуби со 3:1 од Реал Сосиедад за четврти меч без победа, со што се на петтото место во Ла лига. Берисо ги донесе Севилја до осминафиналето во Лигата на шампионите, каде што ќе играат со Манчестер јунајтед.

Останува да се дискутира за гестот на тимот, откако Берисо беше на операција на ракот на простатата на почетокот на декември и доби овации од публиката при петочниот меч против Леванте, кога одиграа само 0:0.

Кандидати за испразнетото место се Хави Гарсија, Луис Енрике и Лорен Блан.

Берисо се врати, Севилја само со „нула“ против Леванте

Scroll to Top