Top Sport

Реал и Барселона ќе го одиграат 236.Ел класико

За неколку часа во Мадрид, на „Снатијаго Бернабеу“ ќе започне најголемото фудбалски дерби во светот, натпреварот помеѓу Реал и Барселона. Пред дербито Барселона е лидер на табелата со 11 бодови повеќе од Реал, кој е на четвртата позиција.

Дуелот кој ќе се одигра во рамките на 17.коло во Ла Лига ќе биде 236.пресметка на најголемите шпански клубови.

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, на своите играчи им испрати едноставна порака пред дербито, да не размислуваат за бодовната разлика.

„Не сме нервозни. Мораме да размислуваме како да одираме добар меч, да не се оптоваруваме со бодовната разлика, дали имаме 11, осум или 25 бода помалку. Мораме да одиграме добар меч против квалитетен ривал“, рекол Зидан.

„Без сомнение ова е најтешкиот меч за нас во досегашниот дел од сезоната. Мечевите со Барселона секогаш се убави, но и тешки за играње. Тоа за нас е инспирација. Играчите ѓивеат за вакви натпревари“, дополнил Зидан.

Тренерот на Реал потврдил дека Кристијано Роналдо ќе биде во составот, иако неколку дена тренираше одвоено од тимот.

„Тој е 100 отсто подготвен за натпреварот“.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, потенцирал дека бодовната разлика и дава предност на неговата екипа.

„Двата тима се под притисок, мора да победат во тој натпревар“, рекол Валверде.

Дербито на „Сантијаго Бернабеу“ ќе започне во 13 часот.

Scroll to Top