Сандро Сукно кој минатата недела беше прогласен за најдобар ватерполист во светот за 2017 година, на 29-годишна возраст ќе мора да стави крај на кариерата. Поради проблеми со срцето капитенот на хрватската репрезентација нема да игра до крајот на сезоната.
„Бев подготвен на се, но ова навистина ме шокираше, имам само 29 години…Морам да направам уште детални анализи, потоа ќе видиме што ќе биде“, изјавил Сукно за „Тпортал“.
Срцевите проблеми на Сукно му беа дијагностицирани при рутински преглед во октомври. Уште тогаш докторите во Италија му рекле дека нема да може да игра до крајот на сезоната и дека под прашање е доведена и неговата понатамошна кариера.
Сукно летово ја предводеше Хрватска до златниот медал на Светското првенство во Будимпешта, а во моментов е играч на италијанскиот Про Реко.