Барселона ќе го стави на трансфер-листата десниот бек Нелсон Семедо и доколку во јануарскиот преоден рок добие добра понуда тогаш тој ќе може да го напушти „Ноу Камп“, пишува „Мундо Депортиво“.
Минатото лето Барселона добиваше понуди за Семедо меѓутоа ниту една од нив не беше блиску до 40 милиони евра, колку што е откупната клаузула на овој фудбалер.
Португалецот добро ја започна сезоната меѓутоа повредата целосно го исфрли од посакуваниот натпреварувачки ритам. Поради тоа тој за добра сума може да замине,а во исто време на „Ноу Камп“ бараат играч кој ќе може да ја покрие оваа позиција заедно со Серхи Робето.
Семендо во јуни 2017 година за 35 милиони евра пристигна во Барселона од Бенфика.