Top Sport

Џерард „одлепил“ поради хорор-старт, тргнал да се тепа со колегата (Видео)

Легендарниот капитен на Ливерпул, сега менаџер на Глазгов Ренџерс Стивен Џерард жестоко се изнервирал и за малку ќе предизвикал тепачка на натпреварот што неговите фудбалери го одиграа против Хибернијан.

Тимот на Џерард забележа победа на гостувањето кај Хибернијан (3:0), а во текот на мечот менаџерот на Ренџерс го демонстрирал својот воинствен темперамент.

Во 60 минута играчот на Хибернијан Рајан Портоуст жестокот стартувал врз Борна Баришиќ, поради што добил црвен картон.

Џерард кога го видел стартот сконал и веднаш се упатил кон клупата на Хибернија со намера вербално да се пресмета со некого. Реагирале и од клупата на Хибернијан, настанала мешаница, а потоа неговите луѓе успеале да го смират Џерард.

Поради инцидентот на трибините биле испратени тренерот на Хибернијан Џон Потерс и помошникот на Џерард Том Кулишо.

Scroll to Top