Ултрасите на калчолигашот Беневенто незадоволни од она што нивните миленици го покажуваат на теренот, најавија бојкот на натпреварот со Џенова.
„Овие девојчиња се оддалечија од фудбалот со својот непромислен животен стил, но ги навивачите разоткрија кои се подготвени да протестираат против нив.
Ги повикуваме сите навивачи: немојте да ги застанувате тие играчи на улица не им обрнувајте внимание бидејќи тоа не го заслужуваат.
Не им барајте фотографии, поради кои подоцна ќе жалите. Играчите според својата природа се платеници, порочни деца кои немаат врска со дресот кој ние го поддржуваме.
Никогаш не навивајте за индивидуи, важен е само дресот. Ве повикуваме да го поддржите јуниорскиот тим, бидејќи навистина е понижувачки да се гледаат овие девојчиња“, напишале ултрасите на Беневенто во своето соопштение.
Беневено во досегашниот дел од сезоната има освоено само еден бод, а в сабота од 15 часот ќе гостува во Џенова.