Новак Ѓоковиќ го освои третото место на егзибицискиот турнир во Абу Даби наречен „Мубадала светско првенство во тенис“.
Ѓоковиќ во борбата за третото место го победи Русинот Карен Хачанов со 7:5, 6:3.
Српскиот тенисер претходно, во петокот, го загуби полу-финалето од Стефанос Циципас 3:6, 7:6, 6:4, додека Хаанов претрпе убедлив пораз од Рафаел Надал 1.6, 3:6.
Ова беше четврти дуел помеѓу Ѓоковиќ и Хачанов, Србинот води со 3:1.