Top Sport

Интер ја декласира Џенова, Пандев не играше (Видео)

Фудбалерите на Интер повторно се израмнија со Јувентус на челната позиција во Серија А. Избраниците на тренерот Антонио Конте во 17 коло ја декласираа Џенова со 4:0. Горан Пандев поради суспензија го пропушти гостувањето кај својот поранешен клуб.

Интер против Џенова забележаа и повеќе од заслужена победа која им го донесе 42 поен во првенството. Од друга страна Џенова е во тешка ситуација, со 11 поени е на претпоследната позиција.

Серијата на „Џузепе Меаца“ ја отвори Белгиецот Ромелу Лукаку во 31 минута. Овој играч му асистираше на Гаљардини кој го постигна вториот гол.

Во второто полувреме мрежата на гостите од пенал ја погоди Еспозито. За тинејџерот ова беше прв гол во сениорска конкуренција.

Конечниот резултат го постави Лукаку со прекрасен гол во 71 минута.

Scroll to Top