Откако влегоа во историјата, ѕвездите на Ливерпул се одморија од фудбалските обврски со улога на фото-модели, позирајќи со титулата од Светското клупско првенство, нивната прва во историјата, освоена во тежок меч со 1:0 победа во продолженијата над Фламенго.
По прославата на теренот и во соблекувалната, Јирген Клоп и неговите фудбалери учествуваа во интересна фото-сесија со престижниот трофеј.
Мохамед Салах гордо стои со трофејот, додека капитенот Џордан Хендерсон го бакнува својот медал покрај менаџерот. Георгино Вајналдум пак се „сокри“ зад сонародникот Виргил ван Дајк.