Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан рекол дека не размислува да донесе нов напаѓач на „Сантијаго Бернабеу“. Реал на последните два натпревари во Ла Лига не успеаја да постигнат гол. Нивните натпревари со Барселона и Алтетик Билбао завршија со резултат 0:0.
Играчите на Реал во средата и синоќа, против Барселона и Атлетик, создадоа одлични шанси што не успеаја да ги реализираат. Шпанските медиуми тврдат дека на овој Реал им недостига Кристијано Роналдо. Со ваквите констатации не се согласува Зидан.
„Не! Се што треба да направиме е да продолжиме со напорната работа. Ќе ја пребродиме кризата со реализацијата. Не сум загрижен, не можеме да речеме дека станува збор за некаква низа во прашање се два натпревари. Треба само да продолжиме да ја играме нашата игра“, рекол Зизу.
А дали ќе има нови имиња во нападот?
„Немам намера да носам нов напаѓач. Игравме добро, но не успеавме да постигнеме гол. Важно е секогаш да го дадеме максимумот. Немам што да им замерам на играчите“.
Реал пред паузата која во Шпанија ќе трае две недели има два бода помалку од лидерот на табелата Барселона. Во следниот меч, на 4 јануари, Реал ќе гостува кај Хетафе.