Челниците на Атлетико Мадрид го договориле првото засилување во летниот преоден рок. На „Ванда Метрополитано“ ќе пристигне уругвајскиот репрезентативец Единсон Кавани.
Кавани е играч на Пари Сен Жермен, а договорот му истекува на крајот од сезоната. Уругваецот оваа сезона е во сенка на новиот играч Мауро Икарди поради што сигурно ќе го напушти клубот.
Иако се шпекулираше дека 32 годишниот напаѓач ќе замине во САД или Кина, италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, утрово на „Твитер, објави дека Атлетико Мадрид и менаџерот на Кавани ги договориле сите услови околу преселбата на фудбалерот во Мадрид.
Кавани и Атлетико договориле три годишена соработка.