Top Sport

Перез ќе има противкандидат на изборите

Висенте Болуда најавил дека ќе се кандидира на претседателските избори во Реал Мадрид што треба да се одржат наредната година.

Болуда има 64 години, а пет месеци во 2009 година имал можност да ја обавува претседателската функција во „кралскиот клуб“. Тој бил прв човек на клубот од моментот кога Рамон Калдерон поднел оставка па до изборот на Флорентино Перез.

„Ова не го најавувам како можност, сигурно ќе се кандидирам. Добро е што во клубот постојат избори“, изјавил Болуда за „марка“.

Висенте Болуда во реал обавувал разни функции од 1998 година, познат е како голем критичар на актуелниот претседател Перез. Најавил дека ќемдонесе тројца нови играчи во клубот доколку биде избран на функцијата.

Scroll to Top