Оливие Жиру е подготвен да го напушти Челси. Искусниот француски напаѓач ретко добива шанса од менаџерот Френк Ламапрд поради што во јануари ќе се сели во друг тим.
Жиру е свесен дека мора да најде клуб каде што ќе биде стандарден доколку сaка да избори место во француската репрезентација што ќе настапи на ЕУРО 2020.
„Тешко дека ќе останам во Челси. Секако дека ќе разговарам со тренерот, но големи се шансите да заминам. Но најпрвин ќе сeднеме да разговараме и потоа ќе ја одбереме најдобрата опција“, рекол Жиру.
Неколку екипи од Франција биле заинтересирано за него: „Да се вратам во Франција? Можно е“, порачал 33 годишниот напаѓач.
Лион, Бордo, Интер и Атлетико Мадрид се некои од тимовите со кои се поврзува Жиру.