Капитенот на Норвешка Бјарте Мирхол ќе го пропушти претстојното Европско првенство. 37 годишниот играч на Скјерн имал операција на абдоменот.
„Многу сум разочаран што ќе го пропуштам ова големо натпреварување. Во исто време сум среќен што операцијата помина во најдобар ред“, рекол Мирхол.
Норвешка ќе биде домаќин на ЕП заедно со Австрија и Шведска. Норвежаните во првата фаза, во Д-групата, ќе се сретнат со Босна и Херцеговина, Франција и Португалија.
Европското првенство ќе се игра од 10 до 26 јануари 2020 година.