Top Sport

Антонио Ди Натале: Кралот на стрелците во Серија А

Антонио Ди Натале легендарниот напаѓач на Удинезе е најдобриот стрелец во Серија А, во изминатата деценија, објави „ОптаПаоло“, портал кој се занимава со фудбалска статистика.

Ди Натале 12 години од кариерата минал на „Фриули“ во Удине. Успеа да стане клупска легенда, одиграл 446 натпревари и постигнал 228 гола.

Напаѓачот кој кариерата ја заврши во 2016 година изминатата деценија постигнал 125 гола за Удинезе што го прави најдобра стрелец во Серија А, во периодот 2009-2019 година.

Во грбот му гледаат се уште активните играчи Гонзало Игуаин (Наполи/Јувентус) и Мауро Икарди кој до оваа сезона го носеше дресот на Интер. Аргентинците постигнале по 121 гол во последните десет години.

На листата уште се и Чиро Имобиле, Фабио Кваљарела, Дрис Мертенс, Единсон Кавани, Родриго Паласио, Јосип Иличиќ и Паоло Дибала.

Scroll to Top