Top Sport

„Црвените ѓаволи“ подготвени „дебело“ да платат за Медисон

Трансферот на фудбалерот на Лестер Џејмс Медисон бил приоритет за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Медисон игра во одлична форма постигнал пет гола и забележал три асистенции во досегашниот тек од Премиер лигата. Лестер благодарение на Медисон и Џејми Варди се наоѓаат на втората позиција на табелата.

Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед за услугите на Медисон биле подготвени да издвојат 80 милиони фунти. Според овие извори Јунајтед биле подготвени да го реализираат трансферот и да го остават Медисон до крајот на сезоната во Лестер.

Scroll to Top