Top Sport

УЕФА го отвори гласањето за тимот на годината

На официјалната странива на УЕФА започна гласањето за тимот на годината. Во конкуренција за ови тим влегоа 50 фудбалери. Интересно е што меѓу нив нема ниту еден италијански фудбалер.

Најмногу номинирани фудбалери има актуелниот европски и светски првак Ливерпул. Црвените во изборот партиципираат со десет играчи.

Листата на фудбалери што ја понудија од УЕФА изгледа вака:

Голмани: Алисон (Ливерпул), Едерсон (Манчестер сити), Андре Онана (Ајакс), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Марк-Андре тер Штеген (Барселона)

Одбрана: Жорди Алба (Барселона), Александер-Арнолд (Ливерпул), Аспиликуета (Челси), Блинд (Ајакс), Де Лихт (Јувентус), Хименез (Атлетико Мадрид), Кимих (Баерн), Кулбали (Наполи), Лапорт (Манчестер сити), Пике (Барселона), Рамос (Реал Мадрид), Робертсон (Ливерпул)Таљафико (Ајакс), Ван Дајк (Ливерпул), Вертонген (Тотенхем)

Среден ред: Тијаго Алкантара (Баерн), Бернардо Силва (Манчестер сити), Бруно Фернандеш (Спортинг Лисабон), Де Брујне (Манчестер сити), Де Јонг (Барселона), Ди Марија (ПСЖ), Фабијан Риуз (Наполи), Фабињо (Ливерпул), Хендерсон (Ливерпул), Жоргињо (Челси), Канте (Челси), Давид Силва (Манчестер сити), Ван де Бек (Ајакс), Вајналдум (Ливерпул), Зијех (Ајакс)

Напад: Серхио Агуеро (Манчестер сити), Обамејанг (Арсенал), Фирмино (Ливерпул), Гнабри (Баерн), Азар (Реал Мадрид), Кејн (Тотенхем), Левандовски (Баерн), Мане (Ливерпул), Мбапе (ПСЖ), Меси (Барселона), Кристијано Роналдо (Јувентус), Салах (Ливерпул), Сон (Тотенхем), Стерлинг (Манчестер сити), Тадиќ (Ајакс).

Scroll to Top