Фудбалерите на Ливерпул синоќа победија во Лестер (4:0) со што веќе ставија „една рака“ на шампионскиот пехар кој последен пат го освоиле пред три децении. По 18 рунди Ливерпул имаат 13 бода повеќе и натпревар помалку од Лестер.
Чудо треба да се случи па Ливерпул сезонава да не ја освојат титулата, ова мислење го делат сите во Англија. Тимот на Клоп во досегашниот дел од сезоната од можните 54 освоил 52 бода.
„Кога на ваков начин ќе победат во Лестер тогаш не се поставува прашањето дали ќе ја освојат титулата, туку во кој момент ќе ја обезбедат“, смета поранешниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри.
„Не треба да се биде паметен за да се забележи дека сезонава се над сите и верувам дека можат да останат непоразени. Ќе продолжам да го потенцирам ова, не поради Арсенал и нашиот успех, туку поради тоа што тоа бил бил неверојатен подвиг“.
Инаку Тиери Анри е член на генерацијата на Аренал која без пораз ја освои Премиер лигата.