Top Sport

Ракитиќ се повлекува од репрезентацијата

Играчот на Барселона Иван Ракитиќ најавил повлекување од репрезентацијата на Хрватска. Во интервју за „Спортске новости“ тој рекол дека ќе се повлече од националниот тим по завршувањето на Европското првенство.

„Да бидеме реални, тоа е јасно. Ќе видиме што и како, најпрвин да видеме какви ќе бидат идеите на селекторот. Со нив извесен период не сум се слушнал, не ми бил во посета. Ќе ги видиме што е најдобро и за мене и за репрезентацијата“, рекол Ракитиќ.

Ракитиќ смета дека тој на 32 годишна возраст треба да им го отстапи местото на помладите.

Иван Ракитиќ за Хрватска одиграч 106 натпревари. На вечната листа тој се наоѓа на четвртото место, пред него се само Стипе Плетикоса (114), Лука Модриќ (127) и рекордерот Дарио Срна (134).

Scroll to Top