Напаѓачот на Монтереј, Рожелио Фунес Мори потигна апсолутно спектакуларен гол со ножички во судското продолжение на дуелот со Америка во финалето на Апертура шампионатот на мексиканската лига.
Во третата минута од продолжението, Монтереј се обидуваше да го разбие 1:1 ремито, кога Мори, имаше гол од ножички „од учебниците“.
Монтереј, кои загубија од Ливерпул во полуфиналето на Светското клупско првенство во Катар, сега имаат 2:1 предност пред вториот меч од финалето, кој ќе се игра на славниот „Азтека стадион“ на 29 декември.
Америка се актуелни шампиони од Апертура, со титулата во декември. Во Мексико има две лиги – Апертура и Клаусура, за кои се добиваат два различни трофеи.