Top Sport

Кулушевски, фудбалер на месецот во Серија А

Несудениот македонски репрезенттивец, Швеѓанецот Дејан Кулушевски е прогласен за фудбалер на месец декември во Серија А, откако помогна Парма да се искачи на седмото место на табелата.

Месецот започна со 1:0 пораз од Милан на „Енио Тардини“, но „крочијати“ потоа имаат четири меча без пораз, а Кулушевски продолжи со одличната форма и покрај шпекулациите за неговата иднина.

Наградата ја доделува Италијанската асоцијација на фудбалери (АИЦ), откако 19-годишниот тинејџер имаше 4 гола во 17 меча во првата половина од сезоната, и ја заврши годината со гол при 1:1 ремито со Бреша на 22 декември. Кулушевски, кој играше за младинските македонски репрезентации, пред да се одлучи да го брани шведскиот дрес, е поврзуван со трансфер во Интер во текот на јануарскиот преоден рок.

Scroll to Top