Top Sport

Започнува Новогодишната турнеја

Новогодишните празници во светот на спортот секогаш се поврзуваат со традиционалната турнеја „Четири скокалници“. Се започнува во Оберстдорф, каде се скока во „старата“ година, првиот ден од новата година е резервиран за Гармиш-Партенкирхен, потоа следува Инсбурк, а турнејата завршува во Бишофсхофен.

Во тие десет дена лудило најдобрите ски-скокачи ќе имаат само два слободни дена, останатите ќе го „потрошат“ во квалификациите и натпреварите.

Најголем фаворит за трофејот на 68 издание на „Четирите скокалници“ е Јапонецот Рјоју Кобајаши, тој е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп. Сезонава тој има две победи во Клингентал и Енгелберг.

Главни конкуренти ќе му бидат Австриецот Штефан Крафт, Полјакот Камил Стох и Германецот Карл Гајгер.

Својата шанса ќе ја чекаат и шампионот од 2016 Словенецот Петр Превц, односно Австриецот Јан Херл и искусните Норвежани Танде, Форфанг и Јохансон.

Распоред:

1. Оберстдорф

29 декември 16.30 – квалификации
30 декември 17.30 – скокови

2. Гармиш-Партенкирхен

31 декември 14.00 – квалификации
1 јануари 14.00 – скокови

3. Инсбрук

3 јануари 14.00 – квалификации
4 јануари 14.00 – скокови

4. Бишофсхофен

5 јануари 16.30 – квалификации
6 јануари 17.15 – скокови

Scroll to Top