Манчестер сити по само 19 рунди во Премиер лигата прачтично останаа без шанси за одбрана титулата. Ливерпул со натпревар помалку имаат 14 поени повеќе од „граѓаните“.
Англиските медиуми по синоќешниот пораз на Сити кај Вулверхемптон (3:2) излегоа со статистички податоци кои покажуваат дека оваа сезона е најлошата во кариерата на Пеп Гвардиола.
Сити со Гвардиола на чело за три години на засилувања потрошиле речиси милијарда евра. Претходните две сезони ја освојуваа титулата, но во тековната резултатите се далеку под реномето на тимот.
Што вели статистиката.
Манчестер сити минатата сезона во походот на титулата примиле 23 гола на 38 одиграни натпревари. Оваа сезона до таа бројка стигнаа по само 19 натпревари.
Гвардиола е познат како тренер кој инсистира на поседот на топка, но против Вулверхемтон тие топката ја имале во само 38 проценти од времето. За Пеп и неговите играчи не може да биде оправдување ниту фактот што од 12 минута играа со фудбалер помалку, кога голманот Едерсон доби црвен картон.
Манчестер сити наредниот меч ќе го одиграат в недела против Шефилд Јунајтед.
Squawka: Wolves are the first team to record 60%+ possession against a team managed by Pep Guardiola in a top-flight league game.
Against 10 men, yes. Incredible display, definitely. ? pic.twitter.com/KUoLh28vC0
— footainment (@F00tainment) December 28, 2019